Електронската картотека на пациенти претставува една од главните придобивки кои ви ги нуди Dental Assistant.
Во неа се запишуваат сите податоци за пациентот, како ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ, така и сите потребни документи за истиот. Овде се пријавува секој пациент со неговите генералии, контакт информации, се пополнува кратка АНАМНЕЗА (препорачана од стоматолози). Исто така, овде може да се направи врска со неговите РТГ снимки и други документи кои се во електронски запис се со цел за да можете да имате брз пристап до нивните копии.
Една од трите главни функции на картотеката е изготвување на СТАТУСИ на усната празнина, која е претставена сликовито, потоа изготвување на ПЛАНОВИ за работа (во вид на понуди). И на крај следува НАПЛАТАТА каде што сметката може да се генерира директно од некој план т.е. одбрана понуда за работа, или пак да се изготви сметка според пружените услуги. Цените на услугите се преземаат од ценовник кој се внесува еднаш. Валутата на сметката може да биде по Ваш избор, бидејќи сами ги дефинирате валутите и цените на услугите.
Dental Assistant резервациите на термините ги прикажува графички на РАСПОРЕДОТ кој можете сами да го подесувате.
Вие самите си подесувате почетен и краен час на работа на ординацијата и со избор на почетен и краен датум (но за период не подолг од 7 дена) ги прикажува сите резервации за истиот. Прегледот на распоредот на резервации е флексибилен по повеќе основи:
За да направите резервација на термин потребно е едноставно да го селектирате интервалот на ЧАСОВИ за конкретниот лекар, или пак стол, со што ќе се појави прозорецот за РЕЗЕРВАЦИИ, каде што треба да направите избор на пациент за кој сакате да направите резерација. Доколку пациентот не е пријавен во Dental Assistant, едноставно пополнете ја забелешката со информации за типот и видот на резервацијата.
ПЗУ Корона Дентал
Булевар Гевгелија бб
Гевгелија, Р. Македонија
ПЗУ Шутаров Дентал
ул. Васо Марков
Богданци, Р. Македонија
Dental Assistant